Интер по невозможна мисија во Гелзенкирхен, Реал по рутинска задача во Лондон

13 април, 20110
12

По шокантниот пораз од 5:2 во првиот натпревар на ‘Сан Сиро’ Интер гостува во Гелзенкирхен на Шалке каде ќе се обиде да направи чудо. Тренерот Леонардо е оптимист и покрај тоа што “неразурите” треба да победат со четири гола разлика за да се пласираат во полуфиналето.

“И натаму сум оптимист. Нашата цел не се промени. Се е можно. Истото го мислат и играчите, како и Ето кој во текот на кариерата со своите клубови во неколку наврати по пресврти успеваше да оди понатаму. Тој ни говореше за тоа и сите емотивно ги доживеавме неговите зборови”, рече Бразилецот.

Во екипата на Интер се враќаат Лусио и Валтер Самуел, кој се опорави од операцијата на лигаментите на десното колено. Кристијан Киву заради суспензија нема да игра, бидејќи заработи црвен картон во првиот дуел.

Првиот човек на Шалке, Ралф Рагник, кој пред еден месец го замени на клупата Феликс Магат е внимателен пред мечот. “Ќе бидам мирен само ако пет минути пред крај имаме три или четири гола предност”, истакна Рагник, кој нема да смета на суспендираниот напаѓач Џеферсон Фарфан.

Реал е на чекор до пласман во полуфиналето каде го очекува Барселона, бидејќи има предност од 4:0 од првиот натпревар со Тотенхем. Жозе Мурињо ќе се обиде да стане првиот тренер, кој со три различни клубови ја освоил Лигата на шампиони. Претходно тоа му успеа со Порто во 2004-та и минатата година со Интер. Хари Реднап не се предава и нагласи дека неговите играчи ќе дадат се од себе, а ако испаднат нема да жалат затоа што оваа сезона било прекрасно да се игра во Лигата на Шампиони.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi