Голема ложа N.O.B.B. Jugoslavija, XVIII Ditrikt – втор дел

2 јули, 20110
zagreb_old

Ложата “Sarajevo” беше основана 1933 година, а иницијативата беше покрената од страна на ложата “Srbija”. Членови во оваа ложа беа: Alkalaj Albert, Altarac Avram, Danon Solomon, Finci Leon, Finci Ovadio, Furcht Ludvig, Herman Iso, Kajon Vita, Kajon Albert, Klein Bernardo, Levi Moric, Papo Moric, Papo Silvio, Isak Samokovlija, Salom Albert, Sumbul Josip, Urbach Hinko.

Во Нови Сад во 1934 година беше основана нова еврејска ложа “Dr. Solomon Alkalaj”, а нејзини членови беа: Bernat Ernst, Gross Viktor, Hajim Alfred, Keiner Desider, Jraus Vlado, Lustig Ferdinand, Rosenbaum Aleksandar, Petar Schwartz, Pisker Edmund, Fleischberger Leopold.

Еврејската ложа “Matnad Jad” се основаше во Суботица во 1934 година; членови на ложата: Berger Mirko, Brummemer Ladislav, Fischer Ernest, Lengyel Bela, Lorant Zoltan, Rosenfeld Martin, Mirko Schlesinger, Spitzer Aleksandar, Tordai Iso, Kramer David.

Во Осијека под закрило на ложата “Zagreb” во 1934 година се основаше ложата “Menora”, а нејзини членови беа: Altmann Edmund, Hermann Bela, Margulies Lazar, Tolnauer Nikola, Wallner Žiga, Freundlich Ljudevit, Araminski Maks, Gutmann Julije, Lang Ignjat, Stark Adolf.

Врз основа на зборовите на Претседателот на ложата “Srbija”, Hajnriha Flajšera, еврејските слободни ѕидари не седеа со скрстени раце, туку подготвуваа терен за основање на неколку ложи, така што веќе можеше да се приметат контурите на Големата ложа на Југославија. За време на престојот на Претседателот на Големата ложа во Истанбул во Белград  ја изрази својата желба за пристапување кон основање на Голема ложа на Југославија, така што оствари контакт со Извршниот комитет во Чикаго, со цел да се забрза процесот.

Претседателот на Извршниот комитет на Големата ложа, Bene Berti Alfred Koen потпиша декрет во кој Извршниот одбор на Големата ложа на сите еврејски ложи во Југославија се конституираше “Големата ложа Distrikta XVIII”. Според овој декрет, се обврзуваат сите ложи кои се дел од Distrikta XVIII да ги почитуваат и да се покорат на одредбите на Конститутивниот Ред кои важат до ден денешен. Осветлувањето на ложата беше направено во Белград на 27 октомври 1935 година.

Следните членови беа именувани во Одборот: Bukić Pijade, Milan Schwartz, Vita Kajon, Aron Alkalay, Heinrich Fleischer, Isak Alkalaj, Ivan Kon, Oskar Spiegler, Beno Stein, Mavro Kandel, Bernat Ernst, Zoltan Lorant и Jospi Horn.

Масонските организации формираа специјална група која се бореше против италијанските фашисти. Сé до август 1940 година, сите ложи престанаа со работа, односно Големата ложа на Кралството Југославија (XVIII district), стана центар во борбата против фашизмот и даваше секојдневна помош и заштита на прогонетите Евреи.

Идеолошката ориентација на слободните ѕидари кој политичките партии во Кралството Југославијапрв дел

Југословенските слободни ѕидари дадоа свој огромен придонес во однос на суштинските прашања поврзани со политиката. За време на предавањето кое се одржа во масонската ложа “Maksimilijan Vrhovac” во Загреб во 1932 година, беше изјавено дека една од главните задачи на ложата не беше само да ги следат сите случувања кои се од јавен интерес, туку и да ги решаваат проблемите од јавен карактер, а под тоа се подразбираат и прашањата поврзани со политиката.

Со ова само се укажува на изразеното влијание на слободноѕидарските организации врз политиката, иако според сите конституции на масоните се заклучуваше дека е потребно да бидат исклучени расправите и дебатите во ложите поврзани со политичкото делување.

Ложата “Pravednost” настана како резултат на обидите да се смират конфликтите меѓу загребачките слободни ѕидари, непосредно пред создавањето на Кралството СХС. По создавање ложата ја изнесе својата програма. Ниту една програма не може да се создаде без борба, а средство за ваква борба претставува политиката. Но, политиката за масонството треба да претставува само орудие, а не да дозволи да стане нејзина цел. По можност потребно е да го втемели својот дух, своите начела и идеи во секоја политичка партија, а притоа не смее никогаш да дозволи да се случи обратното, односно ложата да стане орудие во рацете на некоја политичка партија или да дозволи одредени струења да имаа влијание врз масонството.

Во однос на прашањето поврзано со државното уредување постоеше подвоеност бидејќи републиканското струење во југословенското масонство беа застапувани од страна на Dukanac, Bajalović и Ivan Ribar, додека пак монархистичкото струење беше застапувано од Ćorović, Novak, Branković, а Vajfer и Miličević кој беше долгогодишен заменик на Vajfer, беа во блиски односи со Крал Aleksandar. Vladimir Ćorović беше еден од највлијателните членови во Врховниот Совет на шкотските ритуали, а беше и основниот катализатор за прием на нови членови во јовановскиот систем.

Југословенските слободни ѕидари, барем оние кои беа дел од Големата ложа “Jugoslavija” ги увидоа современите промени, но и потребата за прилагодување на слободното ѕидарство на новите услови. Така Големиот говорник на Големата ложа Damjan Branković за време на 16та Годишна седница на Големата ложа (која се одржа на 23 март 1933 година) ја разгледуваше актуелната светска ситуација. Притоа, во своето изнесување потенцираше дека современ живот всушност придонесува да се разбуди свеста кај луѓето, а со тоа да ја одредат својата положба во општеството, својата националноста и останатите свои интереси.

 

Поради тоа и масонството е потребно да се прилагоди кон новата светска ситуација. Притоа ќе биде потребно масонството да прерасне во организација која активно ќе се бори против унишувањето на културата и цивилизацијата, односно преку духовната борба да се постигне еден општ внатрешен и надворешен мир. Сепак се дојде до прашањето, дали масонството е подготвено за ваква колективна борба? Оваа организација претставува мирољубива организација, која поради ваквиот начин на функционирање, го имаше изгуено контактот со стварноста. Всушност масонството претставува антитеза на секој вид на насилство…еден вид на морална заедница, чии што членови меѓусебе се поврзани со исти обичаи и ритуали. Сепак, не претставува цврсто поврзана и централно водена организација. Притоа, не треба да се заборави фактот дека низ историјата во масонството дел беа голем број на кралеви, славни војсководци, црквени и државни претставници. Со овој факт, масонството претставува духовна ризница на напредни идеи, која одлучно и храбро функционираше во државниот и духовниот живот. Во текот на целиот овој период, масонството оставаше свои траги во јавниот живот.

Слободните ѕидари во Кралството Југославија беа претставници од економската и интелектуална елита или како што Đorđe Vajfer објаснуваше: има голем број на трговци, производители, банкарски финансиери, законодавци, доктори. Согласно со слободноѕидарските принципи, масоните треба да бидат дел од политичките, државните, економските или културните институции, така што слободните ѕидари од Кралстовото СХС беа именувани на значајни функции од јавниот и политичкиот живот.

Во Кралството СХС, според податоците кои се достапни, индустријата беше една од најразвиените гранки, така што во 1921 година, функционираа вкупно 1.813 претпријатија во кои работеа 152.811 вработен во преработувачката индустрија и 38.723 вработени во рударството, или процентуално околу 1,3 % од вкупното население. Во периодот помеѓу двете војни индустријата најмногу се развиваше во северно и севернозападните делови на државата.

Причините за ваквиот развој се согледуваше поради огромното влијанието врз северните и западните делови на Југославија кои беа дел од капиталистичката Австро-унгарија. Овој правец на развој се продолжи и во меѓувоениот период, а како потврден факт претставуваше податокот за ново изградените фабрики и индустриски погони. Во периодот од дваесет години (односно 1918-1938 година) во Хрватска беа изградени 635 фабрики, во Словенија 403, во Далмација 97, Босна и Херцеговина 129, Војовдина 390, во Србија 428, Македонија 99 и Црна Гора 12 фабрики.

Во периодот од 1918 до 1930 година, владееше слобода на приватниот, домашниот и странскиот капитал, никакво мешање на државата во економијата; односот меѓу понудата и побарувачката се одредуваше врз основа на пазарниот механизам.

Доцните триесетти години, се карактеризираа со приватната иницијатива и слободната конкуренција, без преголемо мешање на државата. Во т.н. период на либерализација на капиталот карактеристично беше бесцаринскиот увоз на машини (на основни средства), на репродуктивни материјали и други поризводи кои не се произведуваат во земјата, како и енормно високи царински стапки за увоз на готови производи. Кога ќе се земе во предвид и континуираниот пораст на цените на земјоделските производи, сликата за развојот на југословенската економија е комплетна. Во триесетите години дојде до катастрофален пад на цената на земјоделските производи, во истовреме дојде до голема економска криза, до пад на индустријализацијата, па сосема разбирливо беше губитокот на изворот на висока акумулација.

Со донесувањето на Законот за заштита на земјоделството (на 19 април 1932 година), претставуваше пресвртница, бидејќи со тоа се означи влијанието на државата во економските услови. Клучен член на овој Закон, со кои државата успеа да влијае врз финансиските институции, поради што први на удар се најдоа Првата хрватска штедилница, Југословенската банка, Југословенската здружена банка, Српската банка, Љубљанската кредитна банка и Градкста шедилница Загреб.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi