Икони на алкохолот

12 јули, 20110
naslovna

Не е тајна дека Captain Morgan, Johnnie Walker и Jack Daniel всушност постојат. (Официјално, тие биле Велшки пирати, шкотски сопственик на маркет и американски почитуван десилатор) Но постојат бројни слични алкохоли кои исто се именувани по познати личности, и многу од нив имаат фасцинантни приказни.

Booker’s Bourbon

Откако играл фудбал под раководство на легендарниот тренер Bear Bryant на Кентаки Универзитетот, внукот на Jim Beam, Frederick Booker Noe II се приклучил на фамилијарниот бизнис. Во 1988 год. го претстави еден од првите светски премиум бурбони и го нарече по сопственото име. Booker’s Bourbon се чува шест до осум години и се пакува како што е, нефилтриран.

Don Julio Tequila

Роден во Atotonilco el Alto, мало гратче во Мексичката дрѓава Jalisco, младиот Julio González порасна опколен со културата на правење текила. Амбициозниот млад човек отвори свои простории за дестилирање во 1942 год., на возраст од 17 години, за да произведува алкохол за пријателите и фамилијата. Скоро 70 години покасно, Don Julio Tequila е познат насекаде на планетата и е еден од најдобрите брендови на Мексико.

Karlsson’s Gold Vodka

Во 1070 год., експертот во дестилирање Börje Karlsson помогна во креирање на најпознатите алкохоли на сите времиња: Absolut Vodka. Пред 10 години се врати од пензија за да ја ко-основа Karlsson’s Gold Vodka. Епонимскиот алкохол е направен од седум варијанти на компир и се дестилира само еднаш, и затоа ја има задржано аромата.

Pappy Van Winkle фамилијарен бурбон

„Pappy“ е збор кој на љубителите на виски им предизвикува морници. Исто така беше именуван Julian P. Van Winkle Sr., кој ја започна својата кариера како продавач на алкохол во касните 1800-ти за покасно да води свои простории за дестилација. Во раните 1970-ти неговите потомци ја повторно го покренаа бизнисот со нивниот добитник на медал „Pappy Van Winkle’s Family Reserve Bourbons“ кој не само да го носи името, туку и неговиот имиџ.

Зачинетиот рум на Sailor Jerry

 

Norman Collins, АКА „Sailor Jerry“, беше ветеринар во морнарица кој поседувал позната работилница за тетоважи на Хонолулу со децении до неговата смрт во 1973 год. Мајсторството го претворил во вистинска уметност, применувајќи традиционални Јапонски техники, креирајќи нови пигменти и осмислувајќи иконски претстави. Тој исто така бил инспирација за епонимниот рум со карамела и цимет.

Рачно произведената Vodka на Тито

Кога вашето фамилијарно име е „Beveridge“ не е тешко да се опстане во бизнисот со алкохол. Но Tito Beveridge, геофизичар, работел во индистријата за дупчење мазут пред да се реши да стане произведувач на алкохол. Изградил свој стил, според стара легенда за сјајот на месечината. Рачно изработената вотка на Тито, лоцирана во Austin, стана првата легална дестилница во Тексас во 1997 год.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi