Илиевска: Пресреќна сум што се оствари мојот сон

10 мај, 20110
o

Наташа Илиевска новата европска шампионка во карате во категорија до 55. кг. денеска, заедно со комплетната македонска експедиција се вратија во Скопје по настапите на Европското првенство во Швајцарија.

“Пресреќна сум што се оствари мојот сон. Прекрасно е чувството, успеав да дочекам да ми се свири македонската химна. Имав тешки борби со светски и европски шампионки и успеав да го извлечам најдоброто од себе. Ова е голем успех за нашето карате. Се надевам дека ќе продолжам и натаму да постигнувам забележителни резултат” – изјави на денешната пресконференција Илиевска по враќањето од Континенталниот шампионат одржат во Швајцарија.

Потсетуваме, сениорската карате репрезентација на Македонија на ЕП во Цирих во конкуренција на 44. селекции и повеќе од 660. натпреварувачи, влезе во топ 10. земјите кои стигнаа до златен медал.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma