Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер, по 25 години брак се разведува од својата сопруга Марија Шрајвер. Ова двајцата сопружници го соопштиле заеднички, јавува АП, пренесува Нетпрес.
Секој од нас преживува период на голем и личен професионален премин и по многу размислување и молитви заеднички дојдовме до ваква одлука, било наведено во писмена изјава на сопружниците, која во јавноста вчера ја прочитал портпаролот на Шварценегер.
Двајцата ќе работат на иднинатана нивната врска, а ќе живеат одделно, и ќе продолжат заеднички да се грижат за своите четири деца.