Повторно кралска свадба-овојпат во Монако

10 мај, 20110
0
Звукот од камбаните од свадбата на векот, онаа на британскиот принц Вилијам и на Кејт Мидлтон, уште не стивнал, а веќе на повидок е нова кралска свадба во Европа – уште еден принц, со ретка коса, ќе земе за сопруга обична жена, пишува “Дојче Прес Агентур“, пренесува Нетпрес.
На 1 и 2 јули, малото кнежевство Монако ќе ја организира најолемата забава, каква не се случила таму веќе 55 години. Долгогодишниот ерген, кнезот Албер ќе и’ стави прстен на раката на својата избраничка, јужноафриканската пливачка Чарлин Витсток. За разлика од Велика Британија, каде поданиците логоруваа пред Бакингемската палата два, па и повеќе денови, само за да си обезбедат подобра позиција за следење на случувањето на векот, во Монако вратите на дворецот ќе бидат отворени за сите. Локалните поданици – кои бројат околу 35.000, ќе можат да присуствуваат на свадбата. Останатите, претежно Французи и Италијанци, се поканети на коктел со концерт на францускиот компзитор Жан-Мишел Жар.
Тоа ќе се случува на пристаништето првата вечер, по граѓанската церемонија. Црковниот брак ќе биде склучен на вториот ден од свадбата. За жителите на Монако кралската венчавка претставува ретка можност да влезат во светските медиуми со нешто друго освен со престижната трка во Формула 1 во гламурозното Монте Карло.
Идната снаа на малото кнежество, Чарлин Витсток, успеа да направи мала разузнувачка дејност, како гостинка со кнезот Албер, на свадбата на принцот Вилијам и Кејт. И додека новинарите и папараците беа зафатени со модните решенија на некои од кралските лица, Витсток направи впечаток со својата исклучителна елегантност. Веќе се знае дека венчаницата на Витсток ќе ја изработи Џорџо Армани.
Според биографијата на Јужноафриканката, објавена на интернет страницата на кралското семејство од Монако, татко и’ е директор за продажба, а мајка и’ е пензионирана учителка по пливање.
Слично како и во Велика Британија, каде пред кралската свадба постојано се правеа споредби меѓу покојната мајка на Вилијам, принцезата Дијана, и Кејт Мидлтон, така и во Монако се бараат сличности меѓу покојната мајка на Албер, Грејс Кели, и Чарлин Витсток. Жителите на Монако сеуште се сеќаваат со голема приврзанот на Грејс Кели – американската филмска ѕвезда, која ја остави својата актерска кариерата во Холивуд, за да му стане сопруга на кнезот Рение во 1965 година, и загина во сообраќајна несреќа со својот автомобил во 1982 година.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *