Индискиот духовен гуру Шри Сатја Саи Баба денеска беше погребан во храмот во јужно индсикиот град Путапартиј, а стотици илјади следбеници дојдоа да му одадат последна почит на човекот кои тие го сметаа за жив Бог на Земјата.
На погребот присустуваа огромен број државници, свештеници од Тибет, муслимански свештеници, а погребот беше емитуван и на голем екран во градот, пренесува Ројтерс.
Саи Баба беше погребан со највисоки државни почести. Тој почина на 24 април во болница на 85 годишна возраст, поради проблеми со срцето. Неговата здрвствена состојба била критична повеќе од три недели.
Телото на Саи Баба облечено во традиционалната негова портокалова мантија, било изложено од неделата до вторникот на полноќ во стаклен ковчег во храмот, за да може сите да му одадат почит.
Харизматичниот гуру привлекуваше милиони следбеници ширум светот со своето учење, кое содржи измешани елементи од хиндуизмот и муслиманството. Голем дел од следбениците веруваа дека тој е реинкарнација на хинду и муслиманскиот светец Саи Баба од Ширдија, кој умре во 1918 година.
Милиони следбеници од целиот свет веруваа дека Саи Баба има надприродни моќи, да направи објекти од воздух, да се сеќава на минатите животи и да лекува од смртоносни болести.