Им тргна на Норвежаните.. Сега мечки почнаа да ги убиваат:(

7 август, 20110
o

Британија е во шок. Ученикот Хорат Чапел во петокот во норвешки камп бил нападнат од мечка. Гладното животно влегло во шаторот на ученикот додека тој спиел, и го нападнала. Мечката потоа нападнала уште четири негови соученици кои исто така биле повредени. Еден од учениците се спасил од сигурна смрт така што успеал разбеснетата мечка да ја удри со бокс по носот.

Крвавиот масакар го сопрел водачот на групата кој успеал да ја застрела мечката. Сите повредени се здобиле со рани на рацете и главата. Мечката ги фатила на препад додека мирно спиеле, а системот кој го поставиле за алармирање не се активирал.

Група од 80-тина ученици од Британија заминале на кампување во Норвешка како дел од истражувачко училиште. Тие биле сместени на островот Спитсберген на 800 километри оддалеченост од Северниот пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi