Анџелина Џоли има јака конкуренција. Американските медиуми пишуваат за таинствената бринета со која Беед Пит потроши многу време во Малта, каде што го снимаше својот нов филм “World War Z”. Се работи за неговата помошничка од сетот со која згодниот актер, наводно многу се зближил.
“Многу се дружат на снимање. Постојано се насмеани и тој во нејзино друштво е многу опуштен. Се чини дека токму поради нејзината смисла за хумор се толку блиски. Тој е многу сомнителен кога привлечни жени се вртата околу него, но оваа девојка успеа да ја придобие неговата доверба”, изјавува извор од снимањето и додава дека Бред Пит и таинствената бринета се повеќе се аближуваат, што воопшто не е чудно, со оглед на тоа дека дневно поминуваат повеќе од 15 часа заедно.