Името на Шеикот видливо од вселената

22 јули, 20110
hamadnaslovna

Шеикот Хамад Бин Хамдан Ал Најан, член на владеечката фамилија во емиратот Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, барал неговото име да се напише со огромни букви видливи од вселената.

Работниците така, по негов налог, го испишале неговото име „Хамад“ во песокот на островот Ал Футаиси на кој и овој прочуен шеик е сопственик.

Буквите се протегаат на три километри, а секоја е висока по еден километар. Буквите „H“, „M“ и првата „A“ всушност се канали по кои може да се плови.

Према пишувањето на Британскиот таблоид „Sun“, 63 годишниот шеик е „тежок“ 22 милијарди долари, а од него е побогат само саудискиот крал.

Поседува повеќе од 200 автомобили паркирани во џиновска пирамида, вклучувајќи и седум мерцедеси 500 SL во боја на виножито.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi