Најновите истражувања кои се направени од шпанските научници докажаа дека срцевиот удар кој се случува пред пладне е поопасен и предизвикува поголеми штети отколку оној кој се случува помеѓу 18 часот и полноќ.
Истражувањата се направени на 811 пациенти, кои се примени во болницата во Мадрид од 2003 до 2009 година. Откриено е дека оние пациенти кои доживеале инфаркт пред пладне имале поголеми и посериозни оштетувања на ткивото на срцето од оние кои имале инфаркт во подоцнежните часови. Оштетувањата биле поголеми за 21%.
Со ова уште еднаш се потврди дека биолошкиот часовник има многу големо влијание на срцето, крвниот притисок, срцевата фрекфенција.
Овие наоди може да бидат од големо значење во оценувањето на ефикасноста на лековите кои се наменети за срцевите заболувања.