Путин: Кој си го дозволува тоа право да го егзекутира Гадафи?

27 април, 20110
2
Премиерот на Русија Владимир Путин застана во заштита на лидерот на Либија, Моамер Гадафи. Путин изјави дека ниту една земја во светот нема санкција за ликвидација на полковникот, објавува РИА “Новости“, пренесува Нетпрес.
“Велеа: ’Не сакаме да го убиеме Гадафи’. Сега некои официјални лица велат: ’Да, се стремиме да го уништиме Гадафи’. А кој одлучил тоа да се направи? Кој, некој суд? Кој си го дозволува тоа право – да егзекутира човек, каков и да е тој?“, рекол рускиот премиер во одговор на прашање зошто претходно ја нарекол воеата операција во Либија “Крстоносен поход“. “Какво е тоа затворање на воздушниот простор, кога секоја вечер има бомбардирања?“, прашал Путин.

Според него, треба да се дејствува “во рамки на меѓународното право со свест за одговорност, со грижа за мирните граѓани“. Рускиот премиер додал дека сега “цивилизираната јавност со сета своја моќ се нафрли врз една мала земја и ја уништува нејзината инфраструктура“. Тој дополнил дека можеби основниот интерес на оние, кои во моментов “дејствуваат во Либија“, се природните богатства на таа земја. Путин потенцирал дека според негови податоци, Либија е на прво место во Африка по наоѓалишта на нафта, а според капацитетот на природен гас на четврто место.

Инаку, вчера, британскиот министер за одбрана Лиам Фокс, изјави дека Гадафи претставува пречка на патото кон мирно разрешување на либискиот конфликт. Фокс рече дека луѓето, кои носат одлуки за напади врз либиските граѓани, ќе бидат сметани за “легитимна цел“ во бомбардирањата на НАТО.

Претходно Путин јавно се произнесе дека е против воената интервенција на НАТО во Либија, изедначувајќи ја со средновековните крстоносни војни, “кога некој повикува некого да тргне кон одредено место и да ослободува нешто“. Според рускиот претседател Дмитри Медведев, пак, НАТО во овената интервенција во Либија излегол од овластувањата, предвидени со резолуцијата 1973 на Советот за безбедност на ООН.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit