Steve од Беверли Хилс стана татко
27 април, 20110

Помина многу време, но сигурно го паметите Steve од хит серијата “Беверли Хилс”. Актерот Ian Ziering ги извести своите фанови на Facebook станал татко за прв пат. Седам и ја држам малата Mia додека преубавата Erin спие, напишал Ian.
Тој пред два дена ја доби ќеркичката Mia, која го добила името по мајката на Ian. 47 годишниот актер Ian минатата година се ожени со Erin, а многу брзо по тоа ја објави веста дека тие чекаат дете.