Инфлацијата во Македонија се искачи на 5,2 отсто

1 април, 20110
11
Индексот на трошоците на живот во март годинава, кој е клучен показател за движењето на инфлацијата, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 5,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало во март 2011 година, во споредба со истиот период лани, пак, бележи пораст од 4.7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на мало во март 2011 година, во однос на претходниот месец, се зголемиле за 1,3 отсто, а трошоците за живот за 1,7 насто.
Порастот на трошоците на животот од 1.7 проценти е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 12.7%, производите од жито за 6.6%, овошјето за 5.1%, преработеното овошје за 1.7%, свежото и киселото млеко за 1.6%, другите прехранбени производи за 1.3%, млечните производи за 1.0%, безалкохолните пијалаци за 0.8%, јајцата за 0.7%, рибата за 0.6%, преработките од риба за 0.5% и месото за 0.3%.
Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричната енергија за 5.4%, нафтените деривати и течните горива и гасот за 3.8%, деловите за сообраќајни средства за 2.6%, храната во ресторани и хотели за 1.5%, лековите и садовите и приборот за домаќинствата за 0.9%, облеката за 0.7%, услугите за нега и хигиена и пијалаците во ресторани и хотели за 0.6% и Останати услуги неспомнати на друго место за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 0.5%, преработките од месо за 0.3% и алкохолните пијалаци за 0.2%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај бањските услуги за 5.6%, превозот на патници за 3.5%, мебелот, средствата за образование и туристичките аранжмани за 0.4% и обувките за 0.3%.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi