ФИФА и УЕФА и официјално ја суспендираа Босна и Херцеговина

1 април, 20110
FIFA-logo_0

Босна и Херцеговина официјално е суспендирана од меѓународните натпреварувања од страна на ФИФА и УЕФА. Причина за тоа е неусвојување на статутот според правилата на ФИФА и УЕФА, кои бараа тричленото претседателство (босанско, српско, хрватско) да биде заменето со еден претседател. Босанските Срби се спротивставуваат на планот за еден претседател, бидејќи се плашат дека ќе биде загрозена нивната автономија.

Извршниот одбор на ФИФА на 28 октомври 2010 година побара од челниците на босанскиот фудбал да го усвојат адекватниот статут најдоцна до 31 март 2011. Истото барање на 4 октомври го побара и УЕФА. Сепак тоа не се случи на вонредната седница на 29 март во Сараево, па следи суспензија. Со оваа одлука репрезентацијата на БиХ и клубовите од 1 април повеќе нема да учествуваат во меѓународните натпреварувања, се додека овој случај не биде решен, стои во соопштението на ФИФА.

ФИФА и УЕФА длабоко жалат заради ваквата одлука и наскоро ќе се сретнат да преговараат за идните чекори за што поскоро враќање на босанскиот фудбал под нивно покровителство. БиХ треба да игра квалификациски натпревари за ЕП 2012 на 3 јуни во Романија, а на 7 јуни игра пред своја публика со Албанија. Останува да се види дали дотогаш ќе се најде решение и ќе се усвои статутот на ФИФА и УЕФА.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi