Од каде потекнуваат прво априлските обичаи?

Првиот ден од месецот април е традиционалниот ден на шегата низ светот. Сепак за потеклото на овој настан и обичај нема веродостојни докази од каде точно потекнува. Додека некои сметаат веруваат дека тој доаѓа од древна Грција или Рим, други веруваат дека доаѓа од средновековна Франција. Во 1564 година кралот Карло IX, вовел календарската година од први април да се премести на први јануари. Во тоа време вестите патувале доста бавно, па така многумина новата година ја славеле по стариот календар. Затоа оние кои биле добро упатени со новостите почнале да ги потсмеваат глупавите и незнајковците кои незнаеле дека е сменет календарот. Во поново време и медиумите сакаат да се шегуваат на овој ден. Постојат моменти како на пример, кога американците веруваа дека е прво априлска шега цунамито и земјотресот на Аљаска и Хаваи на 1 април 1946 година, каде загинаа 150 луѓе.