Инсталирани холограми на парискиот аеродром! Почна ерата на виртуелните работници! Ќе страдаат вистинските?

popara28 август, 20111min00
paris-airport-hologram-passenger-information

На аеродромот “Orli” во Париз, освен луѓе од крв и месо, информации на патниците им обезбедуваат и виртуелни работници.
Се работи за холограми на три работници на парискиот аеродром.
Најпрво работниците биле снимени додека ги изговарале информациите, а потоа биле направени холограми кои биле проектирани на плексиглас исечен според нивните силуети. Аеродромот во моментов ги тестира “виртуелените работници” на западниот терминал, кои привлекувале внимание кај патниците, особено кај децата.
“За да се зголеми задоволството на клиентите, решивме да го претвориме западниот терминал во експериментален простор за нова технологија. Овие холограми се прв експеримент. Тие ја отсликуваат нашата желба да обезбедиме подобра услуга на патниците, “изјавил Шарл Телитсен, менаџер на аеродромот” Orli “.
Тој додал доколку холограмите бидат добро прифатени од патниците, дека ќе бидат поставени и во другите терминали на аеродромот.
Минатиот месец било најавено дека до крајот на годината, сите големи англиски аеродромите ќе имаат свои виртуелни работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma