Инстант набилдани!

popara13 јули, 20112min00
fitness20man-2

Никој не сака да се појави на плажа а да не изгледа посакувано. Ако не сте мислеле преку цела година на тоа, ние ви нудиме неколку вежби кои за брзо време ке го променат обликот на вашите мускули, а за тоа не ви се потребни додатна опрема или справи и можат да се изведуваат било каде.
Сите вежби правете ги во серии од по 10-20 повторувања. За еден тренинг одберете 6 вежби. Вежбајте три пати неделно.
Вежби за горниот дел на стомачните мускули:
1. Класични со фиксирани нозе
– Држете ги нозете на земја
-Подигајте ги плеќите додека лопатките не ги одвоите од земја
-Задржете се така малку и полека спуштете се назад

 

2. Класични со подигнати нозе
-Подигнете ги нозете со свиткани колена под прав агол
-Подигајте ги плеќите додека лопатките не ги одвоите од земја
-Задржете се и спуштете се назад

 

3. Класични со испружени раце co фиксирани нозе
-Рацете испружете ги позади глава додека лежите
-Подигнете го горниот дел од плеќите задржувајќи ги плеќите во иста позиција
-Задржете се малку и спуштете се назад

 

4. „Склопки“ (ојачуваат и долните стомачни мускули)
-Легнете со испружени раце и нозе
-Подигнете ги истовремено и рацете и нозете така да се спојат
-Вратете се полека во првобитната положба

 

5. Вежби за долниот дел од стомачните мускули
„Ножички“
-Ставете ги дланките под задниот поради стабилност
-Нозете испружете ги и подигнете ги дестина центиметри од земја
_Прекрстувајте ги нозете наизменично

 

6. Спуштање на нозете
-Започнете со вежбава со подигнати нозе
– Ставете ги дланките под задниот
-Полека спуштајте ги нозете до неколку центиметри над земја, па вратете се во почетната позиција

 

7. Вежби за целото торзо (читај: НАЈДОБРИ!)
„Мост“
-Поставете се во положба како на сликата. Внимавајте плеќите да ви бидат рамни.
-Издржете колку можете

 

8. Страничен „мост“
-Телото нека ви биде во рамна линија од главе до пети

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag