Интервју со Моби: Сакав да и помогнам на Ејми, не ми дозволија…

27 јули, 20110
moby and amy

Моби ја имаше честа, среќата или несреќата да биде на последниот концерт со Ејми Вајнхаус. Тој дал изјава за таа ноќ.

Кога стигнав со автомобилот на местото каде се одржуваше концертот слушнав овации и негативни ракции од публиката, тие беа погласни од музиката. Знаев дека нешто не е во ред. Кога влегов зад сцената ја видов Ејми како едвај стои и нешто говори, самата со себе. Ми беше многу жал за неа. Најмногу од се ми беше криво што дента ја сретнав во хотелот и ми делуваше добро. Тогаш побарав од нејзиниот менаџмент да ми дозволат да поразговарам со неа. Да и дадам подршка да остане трезна. Зошто знам како е кога имаш зависност. И јас се лечев од алкохолот. Кога е човек млад не ја разбира зависноста како трагична. Тогаш мислиш дека е глупо и досадно да си трезен. Сакав да бидам со неа, знам колку значи еден разговор со човек кој добро знае како е и поминал низ тоа. Но, од нејзиниот менаџмент не ми дозволија да разговарам со неа. Ми рекоа дека е добра, многу подобро откако почнала да се лекува.

Веднаш по завршувањето на едночасовното “мачење” на сцената ја однесоа во хотелот. Знаев дека сето тоа нема да има убав крај. Но, искрено се надевав дека ќе има некој од нејзините блиски кои ќе и помогнат да се избори и да ја победи зависноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit