Samsung и Google го претсавија телефонот со силен хардвер и голем HD екран кој на пазарот ќе се појави во текот на ноември.
Не моравме долго да чекаме на претставување на конкурентот на iPhone 4S – Goggle и Samsung во средата го претставија Galaxy Nexus, првиот смарт телефон кој работи на новата верзија на оперативниот систем на Google, Android 4.0, попознат и како Ice Cream Sandwich.
Хардверски ова е многу напреден телефон со голема HD Super AMOLED екран за кој на интернет можеме да прочитаме само пофалби – неговата дијагонала изнесува дури 4,65 инчи со резолуција од 1280 х 720 пиксели. Работи на 1,2 гигахерци процесор со две јадра, има 1 гигабајти рам, и 16 односно 32 гигабајти простор, и 1750 mAh батерија.
Резолуцијата на дигиталната камера изнесува 5 мегапиксели и има LED блиц, а во Samsung велат дека се работи за брза камера со која можат да се снимат и 1080p видео снимки. Од предната страна се наоѓа 1,3 мегапикселна камера за видео разговори која ќе препознава лица, и така со ова ќе може да отклучува овој телефон, а треба да се споменат и некои интересни опции, како жироскоп, компас, GPS, па дури и барометар.
Како што е и за очекување од еден телефон од највисока категорија, Galaxy Nexus има бројни опции на поврзување – WiFi, Bluetooth 3.0 и NFC- за поврзување со плаќање, како и USB 2.0 приклучок.
Исто така, овој уред подржува и HSDPA+, а на пазарите каде е достапен LTE< ќе има подршка за сурфање на овие мрежи.
Android 4.0 ни го дава најдоброто од верзиите за смарт телефони и таблет компјутери, а носи и некои визуелни промени во интерфејсот, новиот фонт, опции како препознавање на лицето за отклучување на уредот, подобра апликација за камера, можност за уредување на фотографиите со користење на филтер како оној на Instagram, како и делење на содржината преку NFC, со новата BEAM апликација.
Новата верзија на Android нема веќе хардверски копчиња, туку копчињата како Home, Back и слично сега се појавуваат на екранот, а новост е и можноста за зголемување и одредување на големината на Widget-от на екранот, како и прикажување на отворените апликации и нивно тргање од листата со едноставно мрдање на прстот.
Унапредена е Gmail апликација, пребарувач на интернет страниците, и додадена е и апликација за пратење на трошењето на прометот на податоци преку кој ќе можете да ставите лимит на трошењето на апликациите и кој ќе ве предупреди кога трошењето ќе се приближи до поставената граница. Galaxy Nexus на пазарот на Европа, САД и Јапонија ќе се појави во текот на следниот месец, па се надевма дека до крајот на годината ќе можете да го купите и во Македонија, но тие информации сеуште не се познати.
Ова е хардверски понапреден телефон од iPhone 4S, но прашање е дали ова ќе биде доволно да ја надмине рекордната продажба на новиот телефон на Apple. Што мислите вие, кој телефон е подобар – iPhone 4S или Galaxy Nexus?