iPhone ви помага да спиете подобро

15 јуни, 20110
12104534144df7160729907475604268_640x276

Сите оние кои имаат проблеми со спиењето “Ларк“ нараквицата која е поврзана со iPhone може да ви помогне да спиете како бебе.

Оваа апликација, е наракица која е поврзана со iPhone, собира информации за тоа што се случува додека спиете и наутро, скоро бесшумно, со вибрации ве буди, така што нема да се разбуди ниту лицето кое спие до вас.

Ларк нараквицата, за време на ноќта следи во која фаза на сон се наоѓате и по будењето го добивате вашиот “ZQ” резултат на спиење, кој може да го подобрите сонот ноќ по ноќ.

Имено Ларк може да ви каже колку време ви е потребен сон, колку време поминувате во РЕМ фаза од спиењето, колку вкупно сте спиеле, дали сте се буделе во текот на ноќта, а сето тоа го бележи во вашиот iPhone.

Наутро нараквицата во одредено време почнува да вибрира и на тој начин ве буди, за жал ја нема опцијата “snooze”. Цената на оваа апликација и Ларк е 129 долари, а со дополнителни 60 долари можете да добиете и “тренер за спиење“, кој пак го анализира моделот на вашиот сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma