Исповед на наркоман

29 август, 20110
Smoking-Heroin-006

Утро е… Се будам со здрвена вилица… забите ми чкрипат, си мислам, ова е крајот. Го барам поранешниот дечко да за ми помогне некако, но не можам да зборувам, вилицата ми се грчи. Во главата ми одѕвонуваат зборовите на брат ми од пред некој ден: „Јелена… те молам… престани со тоа, ќе умреш…“

По некое време доаѓа поранешниот дечко кај мене… јас не можам да зборувам, скоро на граница сум со смртта… Почнувам да плачам како дете, никој нема околу мене, дедо ми почина пред една година. Ни татко ми не доаѓа да ме види повеќе.

Тага во нивните очи кога ме видоа. Брат ми ја зема сета одговорност и ме носи итно во болница. Во автомобилот ми вели дека ова е последен пат да е со мене, и ако и сега зафркнам работа, за него сум мртва…

Така почна моето лечење во летото, 2005 година. Ги предадов брат ми и луѓето кои и покрај сè ме сакаа. Не можам да барам да ми простат, но ги сакам повеќе од било кога. Лежев потполно беспомошна и по трет пат на своја иницијатива и со помош на моите, кои се здравствени работници, земав метадон по добро испланираната шема која е на упатството за да се откажам од зависноста од хероинот, се разбира сето тоа со помош на психијатри – моите сакаа да бидат сигурни во лечењето…

По трет пат.

Никогаш не признав дека си имав свое шишенце и кога тие ќе заминеа на работа, а јас ќе останев сама дома, ја прабарував цела куќа, во моето шише го пресипував метадонот, а во нивното вода…

Затоа ми требаа повеќе шишенца за релативно краток период, бидејќи метадонот по состав е доста погуст од водата. Несреќата е поголема што освен што пиев таблети и се боцкав.

Дрогата завршуваше во моите вени секојдневно во тој саат време кога дома немаше никој, а тоа го правев во купатило, па иако моите се сомневаа, мојата изолација од сите допринесе да се откажат по малку од мене.

Меѓутоа, како и претходните два пати, на терапијата, која од прилика се поклопуваше со дното на шишенцето, мораше да ѝ дојде крај. Количеството на хероин што го земав пред да почнам да земам метадон на своја рака, сега не ми беше доволно и земав повеќе за да се „средам“.

Истата грешка ја повторив три пати. Се надевам никој нема да биде глупав како јас.

Вака се лечев три пати во болница за лечење зависност од дрога, но установата беше државна, па немаше доволно услови и вработените не беа секогаш љубезни.

Програмата во институцијата Драјзерова, поточно во Дневната болница се состоеше од  учење на зависниците како да ги препознаат сите врсти и делови од своите кризи, потоа формирање на здрави навики, планирање на денот, забрана за видување со скоро сите, отворено кажување на проблемот и слично.

Во приватната болница, Лориен, пак, ставаат инекции кои го оневозможуваат функционирањето на хероинот, а има добри психијатарски третмани. Јас пак си пиев метадон, моите го набавуваа за дедо ми, кој беше болен од рак, па секогаш успевав да го најдам, иако добро скриен.

Едно време, редовно одев на терапија кај д-р Синиша Павун. Бев и пет дена во психијатарската болница на д-р Лазо Лазаревиќ поради благ мозочен удар предизивкан од алкохол, дрога и стрес. (ме пуштија многу брзо, иако минимум престој кај нив е 2 месеци, со зборовите дека не сум случај за кај нив).

Последното лечење ми беше во руската приватна клиника „Д-р Воробјев“ каде терапијата ми беше комбинирана, против алкохол и против хероин. Што се однесува до терапијата, примав три инфузии дневно, потоа и некои лекови. За хероин има кратка и долга процедура. Нивна тајна е што прават за време на тие процедури. За долгата ме успиваа по од прилика 8 саати и се будев целосно шлогирана, кратките траеа по 45 минути и беа со послаб интензитет. За против алкохол ми даваа некаква течност, па после неа алкохолот што најмногу го пиев и тоа ми предизвикуваше гадење и повраќање. За хероинот добив импланкт вграден во раката кој се топеше после неколку месеци, нешто слично на депо инекциите кои ги примав претходно.

Безброј пати пиев разни лекоци и капсули кои само ми ја намалуваа зависноста, но не ми ја враќаа психофизичката способност. Што повеќе се обидував да се излекувам, сè повеќе заглавував и тоа со нови дроги и лекови. Пиев дури и блокатори, но попусто.

Да потсетам дека во текот на годината пиев и антидепресиви и некои други таблети.

Бев и на затворено одделение скоро цела недела и тоа со еден збор би се опишало како хорор. Првата ноќ ме врзаа за кревет во една просторија, појма немам каде, само знам дека изутрината барав вода и да ме одврзат, што и фала богу, сторија. Ме пратија во една соба каде имаше луѓе само со тешки психози, па не можев да им поверувам на своите очи. Едноставно не можам ни да го опишам нивното однесување, бидејќи длабоко го потиснав тој дел од моето сеќавање. Потоа, ни донесоа доручек, налик на гомна, па ме преместија на погорното одделение со депресивците и други случаи на психоза. Да појаснам, стигнав дотука поради обид за самоубиство, а бев под разни дроги и алкохол… Да скратам, таму горе имаше опасни депресии и една дебела жена што беше гола и врзна и што тврдеше дека очувот сакал да ја убие. Потоа, имаше една девојка која јадеше сè, и благо и солено истовремено, една жена сереше на сред WC и тврдеше дека е Лиз Тејлор, Дева Марија и многу други…

Хигиената беше катастрофа. Првите денови само спиев, не знам какви лекови ми давале. Храната беше ужас, но со оглед на тоа што го видов долу со сите тие манијаци кои ме меркаа и поставуваа лудачки прашања, тука барем имаше само жени. Понатаму, никој не ни ја менуваше постелнината, а на сестрите многу слабо се сеќавам. Со докторката зборував вкупно два пати и тоа по 10 стотинки, па жената ми рече дека таа не може да ми го реши проблемот, дека таа не е компетентна за наркомани, меѓуоа моите и јас сосем различно ја  опишуваме таа докторка што повеќе не сум ни сигурна дека постои… На крај, после недела дена ме пуштија од таа штала со нова терапија и одговор дека тие немаат можности за моето лечење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi