Исповед на жената на еден коцкар

2 септември, 20110
kockanje

Мирослав ги потрошил последниите 300 денари од дома за тајно да замине и да ги потроши на коцка. Неговата сопруга, Јелена К. одлучила повеќе никогаш да не му прости, иако тој со наведната глава ветувал дека ќе се промени, дека ќе позајми пари од мајка си… Без солзи и караници, Јелена зела само неколку основни работи, отишла по нивната 6-годишна ќерка Ива во градинката и повеќе никогаш не се вратила во заедничкиот стан.

Да не ѝ биле потребни да купи вечера тие последни 300 денари, можеби Јелена по милионити пат би ја проголтала грутката во грлото и би останала. Вака сфатила дека нејзиниот сопруг има нерешлив проблем и дека е готов да жртвува сè за својата опсесивна болест со коцкањето. Бил спремен да ја остави ќерката без вечера, само да напише ливче.

–          Никогаш немавме многу пари. Не бевме којзнае колку богати, за да можеше да прокоцка милиони, но сè што имавме трошеше во обложувалница – вели 30-годишната сопруга, која ослободена од товарот и стравот планира иднина со својата ќерка. Почнала да работи, а разводот е во тек. Не ни планира да се врати на минатото. Поддршка и е вербата во подобро утре.

Љубовта како гаранција за мир

Мирослав (28) и Јелена (30) не си одговарале како пар. Имале различни животни цели и мислења. Тој бил фудбалер во второлигашки тим, а таа работела како трговец. Мирослав мечтаел за големи клубови, кариера, милионски договори, а Јелена тогаш била во многу тешка положба. Родителите и биле разведени, па таа сакала дом, стабилност и семејство.

–          Имав супер детство. Постојано патував, трошев пари колку што сакав. Малку по малку, родителите изгубија сè. Се обвинуваа еден со друг, а слушнав и дека парите биле прокоцкани. Татко ми сакаше да отвори пекара, па кафуле, но ги изгуби сите пари бидејќи премногу се задолжи. Во тој момент не знаев ништо, само дека сум сама и без ништо. По разводот јас останав со мајка ми, а брат ми со татко ми.

Така Јелена го изгубила и домот и сигурноста. Од тогаш живее под кирија, а едно време била и бездомник. Спиела кај баба ѝ. На тие мигови се сеќава многу добро. Баба ѝ постојано готвела, ѝ угодувала на внуката. Така Јелена завршила средно училиште. Идниот сопруг го запознала во едно кафуле. Бил забавен, млад, убав и се сакале. Изгледало дека врската ќе заврши со среќен крај. Неговите родители им ветувале поддршка.

–          Моите немаа ништо и се чувствував невредно. Немаа ни за свадба! Го сакав, но мене ми е потребно многу повеќе од тоа. Желбата за сигурност, дом и семејство пресуди. Решив да се омажам, макар што некои работи уште тогаш не ми беа како што сакав. Уште на венчавката беше јасно дека ќе мора да направам многу компромиси – неговите родители одлучуваа за доста работи, тој молчеше.

Живот без пари, во долгови

Првите месеци изнајмиле стан и го средиле по желба. Немале работа, ниту редовни примања. Сметки плаќале родителите на Мирослав, а тој повремено работел хонорарно. Никогаш не бил готов до крај да загризе и да се жртвува за семејството. Сакал пари со лесно. Бил убеден дека ќе му тргне со фудбалот. Додека ги чекал своите пет минути, знаењето за фудбалот го користел во локалната обложувалница. Понекогаш добивал, но ретко. Секогаш ги славеле добивките и тој мислел дека така можат да преживеат.

–          Со тек на време, обложувалницата ни стана главен приход. Тој ништо не работеше. Тоа не му беше хоби, туку опсесија. Дозволуваше да ни ја исклучат струјата, телефонот, сопствениците ни се закануваа дека ќе не исфрлат од станот и тоа постојано се повторуваше. Бременоста, бебето… хорор! Не можам ни да се сетам колу пати трчаше кај неговите по пари за пелени. За срамота! Ива порасна, тргна во градинка, јас барав работа, а тој се обложуваше. Колку пати ја враќале Ива дома поради неплатени сметки – вели Јелена, која не може да си поверува низ што поминала.

Се сеќава на деновите кога купувала по пола леб, ги броела доматите и ги земала најефтините и најмалите пакувања со храна. Заборавила на шминка, од сè се одрекла. Мирослав се надевал на магично ливче со кое ќе исплатат сè. Се вртеше во маѓепсан  круг. Јелена почнала да пие лекови за смирување, станала вознемирена, несигурна, немала ни помош, ни поддршка од никого.

–          Не сакаше да заработува, само се позајмуваше. Планираше да ги врати парите со магичното ливче кое никогаш не се случи. На крај, земаше пари од секого. Ги молел и моите роднини за пари, без да ми каже. Подоцна дознав за тоа и многу ми беше срам. Баба ми му давала пари, а тој ги трошел во обложувалница.

Растурен дом, неизвесна иднина

Срамот и обврските за детето ја оттргнале од приказните за среќен крај. Јелена сфатила дека повеќе не може да ја ризикува среќата на своето дете. Одлучила сама да се бори. Откако го напуштила сопругот, се преселила кај мајка си која во меѓувреме наследила дел од куќата на периферија. Не ужива претерано, работи за 12.000 денари, но мисли дека ќе успее. Планира да оди во странство, да бере јаболка, портокали, било што.

–          Тоа е единствен начин да заработам повеќе пари. Ќе ни требаат. Сега Ива тргнува на училиште. Морам да бидам спремна за сè што ќе ни треба. Со Мирослав не контактираме. Едно време се обидуваше да ја смири ситуацијата, но потоа се откажа. Воопшто не жалам за таа одлука.

–          За детето дава околу 120 денари неделно. Засега штедам и се надевам дека тоа набрзо ќе помине. Можеби никогаш нема да имаме многу пари, ама сакам барем тие што ги имам да бидат мои и од Ива. Неа никогаш нема да ја изневерам и оставам на улица. Таа ми е поважна од сè останато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi