Користење на Gmail без интернет

2 септември, 20110
Gmeil

Гугл наскоро ќе објави офлајн верзии на своите услуги за сите оние кои им треба пристап до своите податоци во ситуации кога не е можно да се воспостави интернет конекција.

Секако, идеално би било, во секој момент да бидеме приклучени на интернет. Сепак, во секојдневниот живот постојат ситуации кога не е можно да се оствари интернет конекција. Поради тоа се чини многу корисна најавата на Гугл дека ќе овозможи и офлајн пристап на своите веб апликации.

Имено, кога се работи за веб апликациите, на пр. е-меилот, најдобрата нивна особина е да имате пристап до своите податоци додека сте во движење. Но, понекогаш ќе се најдете во ситуација да немате пристап на интернет.

Поради тоа Гугл воведе нова Chrome апликација наречена „Gmail Office”, која е одвоена од самиот Gmail. Нејзината намена е да им овозможи пристап, управување и праќање мејлови во ситуации кога нема интернет конекција. Новата апликација е изградена на HTML 5 стандардите, кои, според зборовите на продукт менаџерот на Гугл Рајан Шет, даваат можност за оваа нова функционалност.

За да ја превземете оваа апликација, најпрво треба да ја симнете од Chrome App Store и да ја инсталирате, а потоа да ја отворите во нов таб. Потоа ќе се појави икона Gmail Offline, и откако ќе кликнете на неа апликацијата ќе почне да работи.

За користење на овие офлајн апликации на Гугл морате да имате Chrome, затоа што Гугл не овозможил подршка за другите пребарувачи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi