“Исповед од мајката на една проститутка” 1-дел

popara1 јуни, 20111min01
0

Кога видов дека објавувате лични сведоштва сакав да ви ја раскажам мојата приказна која ја живеам повеќе од десет години. Верувам дека сум го одбрала вистинското место… јас сум жена, на педесет и седум години, разведена и работам како банкарски службеник во една банка во Белград. Имам ќерка Драгана, триесет и шест години. Причината поради кој ви пишувам е мојата ќерка. Драгана беше студент на Факултетот за музичка уметност, исклучително талентирана, на отсек пијано. Затоа и бев решена да и овозможам да се надградува во Канада, Монтреал и Торонто. Таа го заслужи тоа бидејќи е талентиран студент. На почетокот на 1991 година замина за Торонто. Тоа беше пред војната во нашата земја и ми беше мило што отиде далеку одовде, што излезе од државата. Тешко излегував на крај со сите трошоци. Се што имав и праќав на Драгана. Со нејзината стипендија од 800 долари месечно можеше да се покрие само половина од цената на нејзините студии. За се останато морав сама да заработувам.
Но, не одеше се баш така како што планирав, туку сосема спротивното. Кога таа се врати дома во летото во 1992 година, веднаш се приметија големи промени во нејзиното однесување, а најмногу од тоа ми пречеше: слободното однесување, ароганцијата, вулгарното облекување и вулгарниот начин на зборување. Најчудо од се беше што не бараше пари од мене за излегување и ја избегнуваше темата за своето образование.

Ми објаснуваше дека научила како се штеди …Пред да замине и дадов доволно пари за околу шест месеци и ја испратив за Торонто. Од тогаш, се поретко пишуваше, а уште поретко се јавуваше. Кога и да и се јавев, не беше дома. Сé почна да ми станува сомнително. Кога ќе ја добиев на телефон, беше некултурна и груба со мене …чувствував дека нешто се случува, но се уште не можев да утврдам што тоа би можело да биде.

Почнав почесто да и праќам писма и да барам објаснување од неа. Не добивав одговор, само повремено некоја разгледници од градовите во кои престојува. Чувствував дека нешто не е в ред. Да го скратам овој долг вовед во мојата ситуација, отворено ќе ви кажам дека Драгана од првиот ден станала проститутка и порнографска “ѕвезда” во Торонто, Монтреал, Чикаго …

А, како јас дознав за тоа? Платив многу пари за да дознаам што се случува со Драгана. Бев шокирана од сознанието дека ќерка ми на само дваесет и една година станала проститутка и работи во порно индустријата!

Конкретни докази добив дури во есента 1993 година. Тогаш доживеав двојно разочарување – економски хаос и проституцијата на Драгана. Не знам како ја издржав целата ситуација. Докази морав да видам со свои очи, затоа што Драгана во своите кратки пораки ми праќаше само поздрав и да не се грижам за ништо. А, телефонските разговори? Арогантно и вулгарно ми враќаше на секој обид да ја убедам да се врати назад.


Тогаш го најдов контактот од сопственичката на станот во Торонто. Од разговорот со неа – на англиски јазик, добро го владеам, затоа што го користам во банката – дознав дека Драгана воопшто не ги посетува часовите во музичкото училиште и не живее во тој стан. Одела на часови само во првите неколку месеци. За на крај, да каже дека не е сигурна дали ќерка ми се наоѓа во Торонто.

После сознанието дека Драгана повеќе не живее во тој стан и не зема часови по пијано, се загрижив за ситацијата на мојата ќерка … Нормално дека разговарав и со нејзината цимерка, од Полска, од која дознав уште неколку детали кои само ми ја зголемија загриженост. Таа се занимава со некои други работи, ми рече таа девојка, но одби да каже што е тоа. Само и оставила нејзина адреса за да и ги праќа моите писма. Ги поврзував сите детали и го составив мозаикот – Драгана ми испраќаше разгледници од различни градови од средината на 1993 година.

Почнав да се подготвувам за патување во Торонто. Немаше друго решение. Многумина колеги ми излегоа во пресрет со финансии. Но, проклети визи, никој не можеше да ми помогне да добијам и после неколку месеци се откажав.

Во тоа време комунициравме, ако тоа може да се нарече комуникација – праќање разгледници од Торонто, Ванкувер, Монтреал, Чикаго и други места, две или три за еден месец. Ми напиша дека сега е на турнеја со оркестарот!

Бев многу загрижена и барав начин како да поразговарам со неа по телефон. На мојата најдобра пријателка и го доверив проблемот со Драгана и добив контакт од нејзин братучед кој работи како новинар во локален весник во Ванкувер. Човекот ме сослуша но, ми побара сите детали да му ги испратам во писмо како и илјада долари за трошоци, со цел побрзо да собере информации за Драгана.

Овој човек, кој живее во Канада, ја презеде обврската да најде информации за Драгана. Додека тој собираше информации, мојата нестрпливост се зголемувше од недела до недела. Некаде кон крајот на Септември 1993 година, новинарот ми испрати долго писмо,бидејќи му било непријатно да ми ги каже деталите по телефон.

Откако го прочитав писмото паднав во очај и гнев. Писмото беше само потврда на моите сомневања дека Драгана работи како проститутка во канадски и американски градови. Го читав писмото и не можев да верувам. Сите информации ги добил со помош на неговите колеги кои работат со луѓе поврзани со порно индустријата. Со нивна помош дознав дека Драган се наоѓа во бордел во Торонто, добив информации за нејзината ангажмани, каде се движи и која и е клиентелата…

Бидејќи бев шокирани од првите информации, побарав докази, бидејќи се уште не можев да поверувам дека една талентиран девојка, паметна и убава одлучила да се занимава со проституација, да се е** за пари и да биде ангажирана во порно индустријата…

Ме посоветува дека можеби подобро би било да не барам вакви докази, но бидејќи инсистирав, се согласи да ми испрати материјали.

По речиси два месеци добив информација од каде треба да го подигнам “пакетот“ со сите докази. Пакетот тежеше пет килограми,а внатре беа порнографските материјали од ќерка ми! Добив докази како што барав! Имаше и едно писмо …

 

Во Сабота продолжува вториот дел од оваа тажна приказна за една проститутка…

One comment

  • escort Siena

    2 јули, 2016 at 09:38

    прво да проститутките, а потоа се покајат. Тоа никогаш не е обратно. Како чудно!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag