Историјата на “плавушите” од праисторијата до денес!

18 јули, 20110
plavusi

Предисториски времиња

Генетската мутација која е поврзана со русата коса се појавила пред околу 11000 години, ширејќи се од денешна Литванија низ цела Скандинавија и остатокот од северна Европа.

Постојат неколку теории како ова се случило. Некои научници веруваат дека светлата коса, како и светлата кожа, дозволува поголемо производство на витамин Д, што било исклучително важно за одржување на здравјето во студената, темна северна Европа во последното ледено доба. Другата теорија е дека русокосите еволуирале едноставно бидејќи бојата била интересна, па во време кога имало многу помалку мажи од жени, мажите повеќе избирале жена со руса коса, па така тие репродуцирале многу повеќе.

Античка Грција

Старите Грци ја ценеле русата коса, а божиците како Афродита (овде прикажана како јава лебед), Атина и Хера се вели дека биле со светла коса, како и многу од хероите од Илијада, вклучувајќи го и Ахил. Многу од грчкото население било со руса коса, како на пример Спартанците.

Антички Рим

Старите Римјани првично ја сметале русата коса за знак на варварство и проституција, па жените со светла коса ја боеле во темна боја за да се сметаат за поубави. Церес, божицата на жетвата која е прикажана на сликата, се вели дека имала златна коса како сенката на зрелата пченица.

Средниот век

Еленор од Аквитејн (прикажана во нејзината фигура од погребот), била една од најмоќните жени во средновековниот период и таа ги вовела идеалите на романтиката и витештвото до судовите низ Европа. Исто така била русокоса, боја која во тоа време се поврзувала со заводнички.

До 1400 година, русата коса во европската уметност и култура се сметала за симбол на провокативни и “секси“ библиски личности. Ева и Марија Магдалена обично се прикажувани со светла коса.

Италијанската ренесанса

За да добијат златна коса како Лукреција Борџија на сликата, жените носеле големи капи со кои можеле да ја рашират нивната коса, а потоа нивните слугинки ја покривале косата во сок од лимон. На тој начин, тие можеле да седат надвор и да ја осветлат косата, без притоа да ја изложат својата бледа кожа на сонцето.

18-ти век

Додека во претходниот век темната коса беше многу помодерна од светлата (Кралот Луј XIV носел темни перики), во времето кога русокосата Марија Антоанета станала кралица во доцните 1700-ти, напудрените перики станале задолжителни за двата пола.

1930-тите

Платинестата коса на Џин Харлоу инспирираше генерации жени да ги поливаат своите глави во амонијак и пероксид. Харлоу беше природна русокоса, чија боја одлично рефлектираше на црно-бел филм.

1950-тите

Мерилин Монро играше “глупави“ карактери кои всушност беа сосема лукави, користејќи ги нивните меки гласови, големи очи и мека бела коса, кои ги мамеа мажите и добиваа што сакаа и кога сакаа. Мерилин е симбол на значајно прашање за жените: како да го добиеш она што сакаш, без притоа мажите да се почувствуваат загрозени.

1970-тите

Стереотипот за глупавите русокоси продолжи и во овој период, но со премиерата на “Ангелите на Чарли“, русокосите почнаа да се поврзуваат со улоги на секси борци против криминалот. Фара Фосет не беше мозокот на операцијата, но беше силата. Жешките русокоси инспирираа ликови како Беатрикс Кидо (Ума Турман) во “Убиј го Бил“.

Денес

Денес, русата коса не избега од поврзувањата со сексипилот и глупоста, но постои општа свест дека стереотипите не се веќе во мода. Истражувањата исто така покажуваат дека блондинките не се тие кои се глупави – туку луѓето околу нив. Бидејќи имаат тенденција да се однесуваат според стереотипите, луѓето кои се соочуваат со русокоси всушност се однесуваат помалку интелигентно во нивно присуство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi