Купи дете на eBay

18 јули, 20110
ebay-498

На бизарните случки низ светот им нема крај, а последната таква вест е дека една жена од Австралија се обидела да си ги продаде децата на веб сајтот eBay.

30 годишната жена од Џилонг, Викторија, се наоѓа под истрага поради тоа што на аукцискиот веб сајт eBay ги понудила своите деца на оној кој ќе даде најдобра понуда за нив.

Неколку луѓе веќе почнале да надаваат цена за децата, по што властите веднаш реагирале.

Локалните инспектори биле информирани дека мајката се обидела да си ги продаде децата преку eBay, изјавила портпаролката на полицијата од Викторија.

Понудата содржела и фотографии од децата, момче и девојче помали од 10 години. А мајката напишала и интересен текст во продолжение. Таа изјавила дека сето тоа било само шега, но уште пострашно е кои се луѓето кои учествувале во аукцијата, бидејќи тоа може да се педофили.

Понудата стоела скоро цел ден на сајтот, а откако полицијата ги контактирале одговорните на eBay, таа била тргната во рок од два часа. Сепак, полицијата најверојатно нема да покрене тужба против мајката, но можно е децата да ги однесе под заштита.

“Доколку постои вистинска закана за благосостојбата на децата и ако ситуацијата е лоша, а единствено решение е да се тргнат децата од дома, тогаш тоа и ќе се случи“, изјавиле од локалната полиција и додале дека ќе ги утврдат причините зошто австралијанката го направила ова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *