Девојче старо 13 години со царски рез родило бебе во болницата во општината Аквавива дел Фонте на југот на Италија. Таткото на бебето има 16 години и е момче од истото училиште во кое одело девојчето. Родителите и семејството на девојчето изјавиле дека биле изненадени од бременоста на својата ќерка. Од социјалната служба изјавиле дека воопшто не биле известени за ситуацијата ниту пак некој ги контактирал. Тие додале дека ќе им излезат во пресрет доколку родителите на девојчето побараат помош од нив.
Извор: Нетпрес