Иванка Трамп „ќе го јаде“ бидејќи краде дизајни на чевли:))

popara23 декември, 20111min00
ivanka

Ќерката на познатиот бизнисмен Доналд Трамп, која има сопствена модна линија, наскоро ќе се најде пред суд бидејќи е обвинета за копирање на чевлите на брендот Дерек Лам.

Станува збор за чевли од брендот Дерек Лам кои чинат 780 долари (лево) и чевли од брендот Иванка Трамп кои чинат 150 долари (десно). Можете ли вие да пронајдете некоја разлика?

Освен што од брендот Дерек Лам ќе бараат од Иванка да ги повлече сандалите од продажба, туку и најавија дека ќе бараат оштета бидејќи „безобразната“ копија на нивниот дизајн ја оштетила продажбата на нивните чевли.

Иако сеуште е рано да се каже кој ќе го добие случајот, Иванка Трамп веќе го повлече спорниот модел на сандали од продажба, што докажува дека не станува збор за „случајна“ грешка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma