Изберете чај според неговите лековити својства

30 декември, 20110
caj

Генерално земено, чајот е многу здрав за нашето тело, а особено во зимските денови е одличен начин за да се загрееме, но и за да го зајакнеме нашиот имунолошки систем. Сепак, треба да се знае дека секој чај има свое одредено дејство, па затоа најдобро е да изберете чај според неговите својства:

Глог: Глогот е растение кое се препорачува да се конзумира како чај за оние кои имаат проблеми со срцето и со крвниот притисок. Глогот го зајанува функционирањето на срцевиот мускул и го регулира крвотокот, па со тоа и значително го намалува високиот крвен притисок.

Нане: Речиси и да не постои болест за која не помага оваа билка, но традиционално се користи при стомачните тегоби и настинка. Нането е присутно речиси во секој дом, а некои луѓе го одгледуваат и во дворовите. Најчесто се препорачува за стомачни болки и дијареа.

Жалфија: Етеричното масло присутно во ливчињата на жалфијата помага во уништување на бактериите во устата. Жалфијата се користи за лекување воспаленија и инфекции на слузниците во устата, непцата и грлото. Одличен е за искашлување затоа напијте се и кога имате сува кашлица.

Увин чај: Увиниот чај се препорачува за оние кои имаат проблеми со мочниот меур и го спречува задржувањето и ширењето на бактерии, а особено се препорачува кај оние кои имаа проблеми со воспаление.

Брусница: Како и увиниот чај, и брусницата е одличен диуретик кој спречува појава на камен во бубрезите. Содржи и активни материи кои спречуваат бактериите да се задржат во мочниот меур. Штити од болести на мочните канали.

Хибискус: Хибискусот е познат антиоксиданс кој го намалува негативното влијание на слободните радикали. Тој го штити човековиот организам од срцеви заболувања и рак. Најмногу се препорачува на луѓето што страдаат од висок крвен притисок. Ако чувствувте покачен притисок една чашка чај од хибискус и полека ќе се вратите во нормала.

Зелен чај: Зелениот чај е најдобрата превентивна мерка против појавата на канцерогени клетки и развојот на рак. Го одржува холестеролот и притисокот во нормала. Во последно време е актуелен како замена за кофеинот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *