Излуден и непромислен фан сакал да влезе во возот во кој се возела Памела Андерсон

Памела Андерсон останала потресена откога дознала дека нејзин излуден фан бил уапсен во намера да се качи во истиот воз каде што се возела и таа.
Ѕвездата била премногу вознемирена кога и кажале дека 21-годишниот фан нападнал полицаец на перонот, го совладал, и го тргнал подалеку од местото, со цел полесно да се качи на возот. Пем, 43, патувала назад во Лондон, по нејзиното последено учество во претставата Аладин во Ливерпул Емпајр театарот. Излудениот фан и предходно бил забележан како сомнително демнее низ театарот, купувал карти во првите редови за секоја нејзина претстава, но во последниот обид да влезе, тој бил забележан и спречен од обезбедувањето на театарот. Но во таа случка не била повикана полиција за негово апсење.