
Еден 38 годишен маж од Лаос, една од најсиромашните земји во Азија, ја убил својата бремена жена. Жената на возраст од 24 години била бремена. Но, тоа тој го направил како резултат на вербата во легендата која вели дека со неродено дете може да се направи некаков предмет кој ќе му даде неверојатна моќ и богатство на сопственикот. Па така тој ја однел својата жена во шумата и со секира ја убил удирајќи ја одзади. Мажот го признал злосторството, но не кажува каде е фетусот. Полицијата сеуште незнае дали тој сам го извел сето ова или има и соучесници. Мажот признал дека со фетусот се прави некаков предмет, со кој тој многу ќе се збогати. А планирал да игра лото, па овој предмет ќе му помогне да ги избере бројките.