Ве мачат вишокот колограми, а сепак не сте подготвени за ригорозни диети. Започнете со едноставни трикови: храната сервирајте ја во мали чинии, а кога гледате ТВ во рацете држете го само далечинскиот управувач и ништо повеќе…секако чаша вода е добредојдена.
Новото истражување на американските научници покажало дека испитаниците јаделе 45% повеќе пуканки од голема сад за разлика од оние кои земале помала чинија.
Исто така, оваа студија покажува дека вашиот стомак испраќа сигнал сме внеле доволно , бидејќи околу 73% од испитаниците јаделе нова порција супа која им била понудена, иако првата порција била доволно голема.
Доктор Вансик, кој го спроведувал ова истражување, вели дека човек за еден месец може да изгуби килограм, само ако ги воведе овие мали промени во исхраната. Тој напоменува дека луѓето не се свесни колку нездраво се хранат и не обрнуваат внимание колку пати се посегнуваат по чипс и грицки, иако не се гладни.
-Повеќе е веројатно дека со килограмите потполно ќе се решиме со мали промени, бидејќи полесно е да се избегнуваат грисини пред ТВ, ако воопшто не ги купиме, вели Вансик и препорачува да внимаваме што купуваме во маркетите и храната да ја сервираме во помали чинии.