Јадете со голема вилушка и слабејте

20 јули, 20110
viluska

Се однесува само за ресторани.

Научниците повторно се занимаваа со неисцрпната тема за контрола на количеството храна што го внесуваме и заклучија дека треба да се јаде со голема вилушка. Поточно, неколку научници во еден италијански ресторан во северозападна Америка испитувале како големината на залаците влијае на количината на храна која се јаде од чинијата.

На две маси имало вилушки кои биле за 20% поголеми или помали од вообичаената големина. Авторот на истражувањето ги земал нарачките од гостите кои седеле само на тие маси и ги мерел чиниите пред послужувањето. На крајот од вечерата повторно ги мерел чиниите, и секогаш се докажувало дека гостите што јаделе со поголема вилушка, јаделе помалку од оние кои јаделе со помала.

Важи само за ресторан

Се тврди дека теоријата на голема вилушка важи само за во ресторан, бидејќи во вториот дел од студијата, исто така со италијанска храна, но во лабораторија, научниците откриле дека луѓето кои јаделе со поголема вилушка, сепак изеле повеќе храна.

Објаснувањето за ова е различната мотивација додека јадеме во ресторан и во лабораторија. Се смета дека кога одиме во ресторан, само сакаме да го задоволиме чувството на глад, а оние кои јаделе со помала вилушка побавно доаѓале до целта, па затоа и јаделе повеќе храна. А пак испитаниците во лабораторија знаеле дека учествуваат во истражување за храна, па затоа не се грижеле кога и со која количина на храна ќе се најадат.

Заклучокот е дека, сепак, бабините совети да јадеме мали залаци со многу џвакање се дефинитивно најдобри. Всушност, ако брзо голтаме, тогаш ни во ресторан со голема вилушка нема да јадеме помалку, бидејќи мозокот ќе нема време да перцепира дека е најаден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi