Jaguar E-Type, 1964

4 јуни, 20110
00

Енцо Ферари, човекот кој знае по нешто за убавите автомобили, за Jaguar E-Type рекол дека е еден од најубавите автомобили кој некогаш бил направен. Знаејќи дека Ферари ги има произведено некои од највпечатливите автомобили во историјата на автомобилизмот, за Jaguar E-Type тоа е извонреден комплимент.

Jaguar E-Type се произведувал во периодот помеѓу 1961 и 1974 година, во три различни серии. Во 1964 E-Type бил дел од серија-I, која се произведувала во период од 1961-1968 година, серија-II се произведени во период од 1969-1971, а серијата-III од 1971-1974.

Многумина би рекле дека 1964 била година на Јагуар. Моторот на моделот E-Type добил намалување од 3,8 литри на 4,2 литри, кој му допринел на автомобилот многу подобрен вртежен момент. Сопирачките и менувачот исто така биле подобрени. А се вели и дека моделот од 1964 година бил со најдобар дизајн од сите други серии. E-Type имал 265 коњски сили на моторот и во тоа време бил еден од првите кој можел да развие брзина од 150 милји на час.

Во периодот од 1961-1974 Јагурар од серијата E-Type имал продадено над 70,000 автомобили . Популарноста е резултат на комбинација на неколку фактори. За таквиот успех на моделот од 1964 важен фактор бил цената, која била доста пониска од сличните модели од таа серија, и факторот комфор, каде автомобилот бил познат по мирното возење со мали дисторзии на каросеријата и внатрешниот ентериер на кожни и удобни седишта кој го истакнале луксузниот стил на автомобилот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma