Јапонија по катастрофата: На секои 15 минути една личност си го одзима животот

26 април, 20110
JAPAN-QUAKE/

Во Јапонија, која беше погодена од катастрофалниот земјотерс и цунами, се поголем е бројот на самоубиства. Земјата која и онака бележи најголема стапка на самоубиства, сега живее во страв како овој “тренд“ може да прерасне во епидемија.

“Жал ми е за луѓето кои извршуваат самоубиство по земјотресот еднакво исто како што ми е жал за оние кои загинаа во оваа катастрофа. Но она што е најлошо е прашањето кое секогаш си го поставувам, дали можевме тоа некако да го спречиме?“, изјавил раководителеот на центарот за превенција и спречување на самоубиствата.

Јапонија која и онака е позната по бројот на самоубиства, се самата висока стапка на самоубиства е предизвикана од културолошките разлики во разбирањето на тој чин. Имено додека на запад овој чин се смета за грев или пак е често последица на ментални болести, во Јапонија тоа има еден вид романтичарско сфаќање. Тоа веројатно е резултат и на самата историја, која е полна со приказни за храбрите воини, камикази и самураји.

Во нацијата која брои 127 милиони жители, самоубиството е водечка причина за смрт меѓу мажите од 22 до 44 години и жените меѓу 15 и 34 години. Катастрофалниот земјотрес, за жал го погоди регионот каде и нормално се забележани највисоки стапки  на самоубиства во цела Јапонија. Експертите поради тоа сметаат дека сега Владата на земјата дополнително треба да ја зајакне мрежата на Управата за спречување на самоубиства (која беше отворена во 2007 година, по наредба на Владата), на време да им помогне на земојделците, рибарите и останатите кои оваа катастрофа им ги одзема домовите и главните извори на заработка за живот. Потенцијалот за ширење на депресија е тука и не е предизвикан само од траумите, туку и од тоа дека некои неможат на своите деца и семејства да им овозможат основни потреби за живот како вода за пиење и струја, изјавил раководителот на управата за спречување на самоубиства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi