Јаткастите плодови за совршено рамен стомак

popara15 ноември, 20111min00
jatkasti proizvodi

Последните истражувања покажаа дека една рака јаткасти плодови дневно може да помогнат во намалување на апетитот и топење на масните наслаги од стомакот. Под јаткасти производи се подразбираат ореви, лешници, бадеми, индиски ореви, ф‘стаци и др.

Научниците открија дека постои врска помеѓу јадењето јаткасти плодови и повисокото ниво на серотонин – супстанца која го потиснува апетитот, предизвикува чувство на среќа и го подобрува здравјето на срцето. Истражувачите од Универзитетот во Барселона објавија дека една рака јаткасти производи дневно е доволна за да ги почувствувате позитивните ефекти врз здравјето и изгледот.

Научниците велат дека ова откритие е од особено значење за пациенти со метаболен синдром кои имаат вишок на масни наслаги на стомакот, дијабет и висок крвен притисок.

Со редовна употреба на јаткасти плодови кои содржат здрави маснотии и антиоксиданси, може да им помогне на луѓето на зголемена телесна тежина и да се намали ризикот од развивање на дијабетес тип 2 и болести на срцето.

Се препорачува јаткастите производи да се конзумираат во сирова состојба, односно непечени и несолени. Во комбинација со диета базирана врз здрав начин на исхрана, јаткастите плодови ќе ви помогнат да го отстраните салото и да имате совршено рамен стомак кој отсекогаш сте го посакувале.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag