Јелена Карлеуша отиде во Будва и ги освои сите мажи. За тоа не и требаше многу. Се појави на сцената со доста провокативен изглед, отворено деколте, минијатурни шорцеви… и тоа беше доволно.
На својот тричасовен концерт таа успеа да ги крене сите присутни гости на нозе, жените играа, а мажите едноставно хипнотизирани, само гледаа во неа.
Еден од нив ја имаше среќата да биде во непосредна близина на Јелена, а и голема среќа таа да му игра.
За безбедноста на ЈК се грижеле специјалци. Мажите во црни одела стоеле веднаш до бината грижејќи се на Јелена да не и фали ни влакно по фамозниот настап.