Како подарок за својот 33-ти роденден, Јелена од своите фанови доби онлајн магазин кој го носи нејзиното име. Првиот број од ова необично издание е веќе објавен на интернет и за кратко време бележи голем број на посети. Помеѓу другото, во овој број може да се прочита ретроспектива на нејзината кариера, но и новости од нејзиниот живот. “ЈК“ магазинот е бесплатен, а може да се види и симне овде.