Јованка Орлеанка – француска нациoнална хероина или вештерка

1 јуни, 20110
396px-Joan_of_arc_miniature_graded

Пред точно 580 години, на денешен ден, 19 годишната Јованка Орлеанка запалена е на клада, по процесот, пред англискиот црковен суд во Руан, главен град на Нормандија, каде што оваа француска национална хероина е осудена дека е еретик и вештерка.

На сето ова му предходеше тоа што Јованка Орлеанка, како девојче на 13 години, успеала да го убеди кралот Карл VII да слуша небесни гласови и го поттикнала на енергична акција против англичаните.

Јованка Орлеанка верувала дека нејзината мисија се состои во тоа да го ослободи Орлеан опсадата и кралот Карл VII да се круница во Ремс, во што видела извршување на Божјата волја.

Селанката која ја викаа, бидејќи потекнувала од исотчна Франција, од селото Домремиј, застанала на чело на војската и се придружила на војниците кои оделе во помош на Орлеан. Таа влегла во борбата во која Франција излезе од  неа како победник.

Селаните во тоа време целата надеж ја гледале во кралската власт која морала да ги протера англичаните и да ги прекине конфликтите во Франција, а појавата на Јованка Орлеанка симболично ја отсликувала ситуацијата која во тоа време владеела меѓу француските селани, кои биле опустошени од англиските разрушувања и кражби.

По ослободувањето на Орелан и потисунувањето на англичаните, Јованка Орлеанка тргнала со Кралот кон Ремс, каде тој бил свечено круницан, а тоа за неа претставувало исполнување на нејзината мисија. Кралот одлучил да ја задржи покрај себе Јованка, што предизвикало незадоволство во дворецот, па така по една битка кога морала со својот одред да се врати кон градската порта, вратата и ја затвориле.

Бургунците ја заробиле и ја продале на англичаните кои поради неа основале црковен суд во кое влегло француското свептенство, пред се париското, на кои им било судено. Смртната казна на која била осудена Јованка Орлеанка и чинот на нејзино палење на клада во 1431 година, не донеле никаква посебна корист за Англија, бидејќи тогаш во таа земја кралската власт била во опаѓање.

Во 1453 година, стогодишната војна се завршила со протерување на англичаните од Франција.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi