Јунајтед во финалето од Лигата на Шампионите, резервниот тим пресилен за Шалке

5 мај, 20110
eeeee

Манчестер Јунајтед – Шалке 4:1 (2:1)
Валенсија 26′, Гибсон 31′, Андерсон 72′, 76′ – Хурадо 35′

Не се случи големо изненадување на “Олд Трафорд”, иако Алекс Фергусон на теренот изведе речиси резервен состав па во финалето од Лигата на Шампионите на 28. мај на “Вембли” ќе играат Манчестер Јунајтед и Барслона. “Црвените ѓаволи” и во реванш мечот против Шалке докажаа дека се далеку поквалитетна екипа дури и без најголемите ѕвезди во тимот, кои искусниот стратег ги одмораше за пресудниот меч во Премиер лигата против Челзи, кој на програмата е веќе в недела.

Отсуството на Руни, Видиќ, Фердинанд, Ернандез и Гигс, не само што не се почувствува, туку “резервистите” беа поефикасни во однос на екипата која одигра меч во Гелзенкирхен, па го совладаа Шалке со 4:1. Во првото полувреме Валенсија ја искористи грешката на фудбалерите на Шалке за почетно водство, за само пет минути подоцна Гибсон да го удвои водството на домашната екипа со голема помош од Мануел Нојер, кој притоа се посрами примајќи гол по млакиот удар на репрезентативецот на Република Ирска. Почесниот погодок за Шалке во овој полуфинален двомеч беше дело на Хурадо во 35. минута од реванш мечот.

Гледајќи дека нема што да загуби, тренерот на гостите Ралф Рангник во 70. минута наместо центрахалфот Хеведес во игра го внесе Хунтелар што многу брзо му ‘се удри од глава’, бидејчи Бразиелцот Андерсон во рок од само четири минити постигна два гола за конечни 4:1.

Елиминирајќи го Шалке, Манчестер Јунајтед се пласираше во своето трето финале во Лигата на Шампионите во последните четири години вклучувајќи го и она од 2009. година кога во Рим загуби од Барселона со 2:0, предавајќи им го така на Каталонците пехарот кој го освоија година дена порано со победата против Челзи во Москва.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi