Кајли ќе и помага на Јапонија

27 април, 20110
Кајли ќе и помага на Јапонија

Австралиската пејачка Кајли Миног снимила со јапонскиот рапер Вербал сингл за жртвите од земјотресот и цунамито кои се случија во март оваа година. Песната и видеото со наслов “We Are One“ пејачката го закачила на YouTube со линковите наменети за парични донации за Јапонија. Сакавме само да ве известиме дека снимивме песна за да и помогнеме на Јапонија и нејзиниот народ, кои беа многу добри кон мене секогаш кога сум гостувала кај нив, додала поп дивата Кајли.

Песната можете да ја слушнете и да донирате пари на YouTube и се надеваме дека ќе ви се допадне, изјавила пејачката. Австралиската џебна Венера изјавила и дека е горда со својата одлука да одржи концерт во Јапонија во склоп на нејзината светска турнеја наречена Афродита, иако многумина нејзини колеги ги откажаа концертите во оваа земја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi