Како да ги сокриете темните кругови околу очите

7 јуни, 20110
podocnjaci

Никој не ги сака темните подочници – не се естетски и дават уморен изглед. Нивното појавување може да биде последица од многу причини: наследни, замор, недостаток на сон, алергија, физички и емоцијонален стрес, старост, изложеност на сонце и наурамнотежена исхрана се само дел од нив. Освен некои добро познати природни лекови кои се користат за намалување на темните кругови околу очите, шминката е одличен сојузник со која можеме да ги покриеме.

Пред се, многу е важно на пределот околу очите да нанесете хидратантна крема. Добро би било кремата да содржи витамин К, бидејќи влијае на на нивно затегнување.

Следен важен чекор е правилниот избор на коректор – тоа е “магично стапче” за вашиот проблем. За поголемиот дел од нас, коректорот е всушност се што ни е потребно за да ги сокриеме подочниците и е многу важно правилно да го изберете. Изберете го оној кој има сува и кремаста структура за подобро да се усогласи со вашата кожа. Многу е важно да изберете нијанса на коректор која ви одговара на бојата на тенот – коректорот треба да биде за нијанса посветол од бојата на пудрата што ќе ја нанесете.

При изборот на идеална боја, имајте на ум дека златно – тонираните коректори идеално ќе ја неутрализираат виолетовата нијанса на подочниците.

Коректорот нанесете го со прсти или со четка. Шминкерите советуваат да го нанесете во облик на неколку мали точки кои потоа треба нежно да ги утапкате на местото што  сакате го покриете. Ако на тој дел имате брчки, не користете подлога бидејќи така само ќе ги нагласите. Избегавајте коректор кој содржи масло, бидејќи тиа имаат тенденција да се вовлечат во ситните линии и брчки.

Доволно е да нанесете еден слој од коректорот, ако нанесете премногу може да го крајниот резултат. Како последен чекор, нанесете пудра со неутрална боја која ќе ја отстрани вишокот на влага, ќе го спречи сјајот и ќе обезбеди долготрајна подлога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *