Како да го изберете најдобриот лак за нокти

popara15 јуни, 20111min00
nokti-diy

Посебно внимание посветете на четката од лакот за нокти. Таа не би требало да го допира дното од шишенцето.

За даодберете добар лак, треба да направите неколку експерименти. Со четкичката од лакот капнете малку лак и чекајте неколку секунди, а потоа со четката проверете дали лакот се раздвојува или се претворил во цврста маса. Ако лакот е добар не би требало да поминат повеќе од 3 до 5 минути за тој да се стврдне.

Исто така обрнете внимание шишето во кое се наоѓа лакот. Убаво би било во внатрешноста на шишето да се наоѓа метално топче, за да може лакот полесно да се измеша.

Лаковите за нокти во боја , најчесто не содржат никакви состојки за нега и зајакнување на ноктите. Така што, доколку ноктите ви се слаби, склони на пукање и бараат дополнителна заштита, користете и посебна подлога која содржи различни компоненти за нега на ноктите.

Ако сте се одлучиле за седевкаст лак за нокти, обрнете посебно внимание на неговиот состав. Многу произведувачи користат природни концентрат од калциум за разлика од оние со синтетички полиестер. Меѓутоа, доколку ви се ноктите здрави дополнителен калциум може да доведе до лупење на ноктите.

На крај, доколку сте подложни на алергии, треба да ги избегнувате лаковите за нокти кои содржат тоулен и формаледихид, кои се високо токсични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma