Како да се облечете модерно за во град

24 август, 20110
400x300

Тајната на добриот стил по улиците на модните градови ова лето е во нешто посериозни и елегантни парчиња облека. Затоа, кратките фустани со реси и шаренилото оставете ги само за концерти и морски дестинации.

Доколку одлучите да посетите некоја од светските модни метрополи – Лондон, Париз, Њујорк или Милано, добриот вкус ќе го покажете преку еднобојни комбинации како бела и беж со разбивање на монотонијата со црвени и портокалови парчиња или детали.

Идеален избор е палто со панталони, какви што лансираше Стела МекКартни. Костумот на жената и овозможува елеганција која дава одраз на одлучна и самосвесна жена.

Широките, долги рамни панталони од луксузни материјали се основно парче облека во многу дизајнерски колекции за лето во градските средини, а се носат со мека бела или сива блуза. Фенди ги дизајнираше во мека, сина свила, а Мајкл Корс со златен сјај.

Преовладува чистата силуета, а најдобро ја покажа Макс Мара во еднобојни комбинации, летно жолти или бели, со впечатлив моден додаток – тенок ремен. Белата боја ја прифатија и Антонио Берарди, Селин, Клои и Стела МакКартни, кои обично нудат модерни варијанти на класичните костуми.

Фустаните најчесто се изработени од кожа во карамел боја, тежок бел памук или тексас.

Доколку не можете да им одолеете на боите, модерно црвената и портокаловата нека го надополнат вашиот еднобоен изглед, но линиите мора да бидат чисти. Колку добро изгледа тоа покажаа Викторија Бекам и Келвин Клајн.

Шминката треба да биде дискретна, исклучиво со природен изглед, односно сè што ќе ставите на лицето мора да изгледа како да не постои.

Накитот треба да биде незабележителен, видлив дури на втор поглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi