Рецепт за најдобар секс

24 август, 20110
seks

Иако жените речиси во сите области се изедначени во правата со мажите, кога станува збор за сексот, сеуште не добиваат максимум. Некои стари навики, уверувања и предрасуди ги спречуваат да го доживеат најдобриот секс во животот.

Ќе ви откриеме неколку правила за подобар и возбудлив секс и максимално уживање.

Не согласувајте се на малку и задоволете ги своите потреби

Некогаш е многу лесно да се убедат жените да се откажат, бидејќи најчесто се подготвени да им погодат на другите. Но доколку попуштите во сексот и не го добиете тоа што го сакате, тогаш би можеле хронично да се исфрустрирате. Дознајте што сакате и обидете се да го добиете тоа.

Споделете ги желбите и потребите со партнерот

Ако од партнерот не можете да го побарате тоа што го сакате, запрашајте се дали воопшто треба да спиете со него. Добриот секс се „случува„ кога сте опуштени и се чувствувате сигурно. Ако не можете да ги споделите своите желби со партнерот, за жал, сексот ќе ви биде просечен. Добриот секс е резултат на добра комуникација.

Прифатете го своето тело такво какво што е

Негативните мисли за телото и тежината, целулитот и брчките, сигурно не се начин за разгорување на страста. Престанете да сте самокритични, уживајте во своето тело и прифатете го такво какво што е. Самодовербата е клучен фактор за добар секс.

Не користете го сексот како казна или награда

Понекогаш жените сметаат дека доброто однесување на партнерот треба да го наградат со секс, а лошото да го казнат со скратување на секакви сексуални дејства. Тоа е рецепт за неуспех и морате да имате на ум дека никој не сака да биде контролиран и казнуван, а мажите се особено чувствителни на тоа поле. Кога сте лути на партнерот, треба да разговарате со него и да го решите проблемот како возрасни, а никако со освета во кревет.

Исфрлете ги милениците од креветот

Можеби го сакате своето куче, но местото не му е во спалната соба. Тие знаат да бидат особено територијално настроени и можат да станат љубоморни. Кучината би лаеле, а мачките пак би скокнале во кревет и би оделе околу вас. Таквите случки ќе ги избегнете ако ја затворите вратата и ги оставите милениците малку да почекаат.

Не заборавајте ја смислата за хумор

Хуморот опушта и поврзува, па затоа не заборавајте и на смешната страна на сексот. Не морате од водењето љубов да правите многу сериозна работа, внесете малку смеење во спалната соба и дајте му на сексот нова и опуштена перспектива.

Не заборавајте да давате и примате со иста мера

Најдобар секс е оној во кој партнерите се обидуваат да се задоволат еден со друг. Иако е важна и техниката, сепак ако личноста сфати дека другиот само ја извршува работата и не е многу присутен, целото искуство ќе биде разочарувачко. Обидете се да го направите партнерот среќен и тој да ви врати со иста мера. Во тој случај одличниот секс е загарантиран.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi