Кој сака да го убие Гадафи?!
24 август, 20110
Портпаролот на бунтовниците Гума Гамати изјавил дека либискиот лидер Моамер Гадафи се наоѓа во Триполи или некаде во близина на главниот град. “Не мислам дека тој ја напушил земјата, тој се уште е тука во Либија, изјавил Гамати.
Гамати изјавил дека порано или подоцна, Гадафи ќе биде пронајден.
“Порано или подоцна, тој ќе биде пронајден и уапсен, но она што најмнигу го сакаме е да се спротивстави на апсењето и да биде убиен, изјавил Гамати.
Либискиот пратеник во ОН, Ибрахим Дабаши изјавил дека бунтовниците сакаат Гадафи и неговиот син Саиф Ислам, заедно со шефот на разузнавачката служба да им се судено во Либија како воени злосторници.
Во меѓувреме, Норвешка го призна Преодниот Национале совет како легитимен орган во Либија.