Како до совршени нозе, без вежбање

13 јуни, 20110
sarong_summer_legs608

Најбезбеден и најефикасен пат до совршени нозе е вежбање и нега на кожата. Но, во времето во кое живееме, ретки се тие кои посветуваат доволно внимание на себе. Дали сакте и вие да имате совршени нозе , но без напорни тренинзи? Обидете со овие совети кои ќе ви дадат совршен изглед и ќе ви ги прикријат сите недостатоци.

Влакна

Брз начин: Жилетот е најбрзо решение кое многу ќе ви помогне во итни ситуации. Користете жилет со најмалку три сечила, бидејќи  на тој начин ќе ја забрзате постапката и ќе ги избегнете несаканите последици, а вашата кожа ќе стане мазна.

Професионален начин: Ласерското  отстранување на влакна повеќе не е луксуз, особено поради тоа што е во прашање трајно отстранување на влакната, а резултатите се и повеќе од задоволувачки.

Целулит

Брз начин: Обидете се со комбинација на крема против целулит и за затегање на кожата со кофеин, цимет или ѓумбир, кој привремено ќе ја затегне и измазни вашата кожа.

Професионален начин:  Кавитација и отстанување на целулитот, ќе ви помогнат радио бранови кои се најсовремени и најефикасни козметички третмани. Покрај тоа што на тој начин ќе се стопи целулитот, овој третман ќе го намали обемот на вашите нозе.

Вени

Брз начин: Кремата за потемнување е идеална за прикривање на ваните и капиларите. Исто така водоотпорна пудра за тело може да ви помогне во итни ситуации. Таа нема да ја извалка вашата облека, а успешно ќе ги прикрие сите недостатоци.

Професионален начин: Склеротерапијата е метод со кој се вбризгува специјално средство директно во вените, кои на овој начин се слепуваат до ѕидовите и така вените стануваат невидливи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber