Научниците ретко имаат можност да присуствуваат на дел од она што универзумот ни го дава, меѓутоа кога тоа ќе се случи фотографијата е најдобар начин да се доближиме до овој интересен феномен.
Големиот вселенски знак кој изгледа како извичник, всушност е судир меѓу две галаксии VV340 North, познат и како Arp 302, и VV 340 South.
На горниот дел од фотографијата е галаксијата VV 340 North (север), а на долниот дел галаксијата VV 340 South (југ).
По неколку милиони години, овие две галаксии ќе се спојат – како Млечниот пат и Андромеда.
httpv://www.youtube.com/watch?v=BlYFOcpzQqk