Убавата италијанка Елизабета Каналис веднаш по раскинувањето на врската со Џорџ Клуни, беше “фатена” на јахта со поранешното момче. Сега пак во нова врска.
Таа од неодамна е примена во друштвото на NBA. Поточно Елизабета е во врска со кошаркарот Двејн Вејд. Тие и јавно се појавуваат заедно, а за прв пат биле видени на една модна ревија, каде позирале еден до друг, но и двајцата не сакале да дадат било каква изјава за нивната “дружба”.